Охрид, 19. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Тивкото мнозинство одбра и неговиот избор громогласно одекна, власта во Охрид доби жестока изборна шлаканица од охриѓани затоа што им е доста од изневерени очекувања и неисполнети ветувања, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Кирил Пецаков.
Додаде дека сите во Охрид недвосмислено ја давале поддршката за ВМРО ДПМНЕ, па победата во прв круг била со голема разлика. Претстојат уште две недели, да немате воопшто двоумење дека резултатот може да биде поинаков освен победа, рече Пецаков.
– Победничката советничка листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ докажа дека постои надеж и пркос, да се создава и дека не се плаши да верува во себе и во иднината на нашите деца. Таа иднина зависи од нас и од промените кои неизбежно доаѓаат. Заедно со народот сме одллучи за промени, промени за поддршка на позитивното наспроти негативното, квалитет наспроти партизација, работа наспроти неработа.Проекти за подобро живеење на сите борба за секое ново работно место, за подобра инфраструктура, за модерно и современо образование, за развиен туризам, за Охрид каков што заслужува да биде во сите сфери од општественото живеење. Да излеземе и да се избориме сите заедно, сега е времето наше да застанеме цврсто гордо и достоинствено. Охрид и Македонија се на чекор до конечна победа. Продолжуваме кон промени проекти ипобеди создаваме нова и светла иднина за Охрид и охриѓани, потенцира Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес