февруари 21, 2015

Скопје, 21. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 18-то по ред издание на популарното шоу „Златна Буба Мара на популарноста“, свои настапи имаат охридскиот гитарист Дамјан Пејчиноски и македонскиот годинешен евровизиски претставник, стружанецот Даниел Кајмакоски.

Пејчиноски во рамките на ревијалниот дел од програмата, на сцената ја изведе актуелната кавер тема „Кажи зошто ме остави“ во придружба на докажаните македонски музичари Петар Ренџов и Горан Гешовски.

Додека Даниел Кајмакоски имаше настап со малиот музички талент Трајче Георгиев од Струмица.

kajmakoski

Дел од наградените за постигнати резултати во 2014 година се:

Најдобар албум – „Сеир“ од Влатко Стефановски

Емисија на годината – „Еден на Еден“ со Жарко Димитриевски

Најдобра песна – „Тажна љубов, среќна песна“ од тамара Тодевска

Претстава на годината – „Стјуардеси“ на Театар Комедија

Хумористична емисија на годината – „Зевзекманија“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Fashionel

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука