октомври 23, 2014

За Охридцките работи
Бр. сл. 009/04/2013
Охрид, 02. декември 2013 година

Драг Дедо Мраз,

Јас ево мирен бев цела година, пишев домашна, кревав рака, гледав да помагам кај можам, арно да прам и сега ево пошто ни мафташ од рекламиве за Кока Кола, па реков да ти пишам два три збора.

Дедо Мраз, остај ги бе барем годинава ова комунистиве облечени во антички униформи и ова другиве шо не можат колку Демир Далип една сала од 300-400 народ да наполнат. Сите тие не вервет во тебе, а и која сакет желба сами можат да си ја исполнат. Ама јас вервам, ево жими се… И плус сега скоро ко бев во главниот град на РМ, нормално ко сите охриѓани кружевме низ „City Mall“ (то ти е она ко „ГТЦ“, ама ново) и пред него те гледам тебе Дедо Мраз на еден Билборд огромен и викаш – „Јас верувам во Вас“… Готово, ме купи за сите пари Дедо Мраз. Чим ти веруваш во Нас, за мене веќе нема дилема, јас вервам во тебе комплет и ево ако можит неколку желби да регулираме за Нова година.

Колку за мене, толку и за сите, да видиме тро аир, пошто вака се e бе исто Дедо Мраз, приказни, приказни на сите страни и толку.

Ај вака, застани малку то елените, јас споро ќе пишам, за да не заборајш нешто:

– Дедо Мраз ако можит кажи им на ова господава во Општина Охрид колку е долгот комплет за да престанат да го бројат, пошто пола мандат им помина во броење колку краделе тие пред нив. Ево кажи им колку е да не се мачат и нека почнат да работат и да видиме некој аир од огромните ветувања со кои ги „купија“ охриѓани да гласаат за нив. Ако претходниот градоначалник правел тоа што велат дека правел, нека покренат тужби, па ако се докаже дека е виновен ќе се види и тој со некои поранешни другари, ќе евоцираат спомени за Климентови награди и слични пикантерии….и толку. Аман Дедо Мраз не се трпат повеќе, Петрески па Петрески, исто како тој на времето ВМРО-ДПМНЕ па ВМРО-ДПМНЕ. Кажи им нека земат нека работат нешто, зборвет луѓево веќе…

– Ова пак другиве сакет поголеми ВМРО-овци од ВМРО-овциве да бидат. Памтам пред некоја година ко се кршеше работата ќе имат избори, ќе немат избори, од СДСМ славеја со ора и чочеци пред стариот штаб, се качвеја на тапани, а пак ова кадаров од ВМРО дента или денојте организираа бал…. Да бе Дедо Мраз бал, жими се… Еј шо ти се промени… Сега од СДСМ штиклите и кондурите ги искршија по села и градови, па се гушкаат со бабички и дедовци, делат флаери по пазари…. Абе идила…

– Дедо Мраз, дај бе ургирај нешо за ова препознатливостиве на Охрид да ги зачуваме некако. Билјанини извори да можит да ги видит Билјана од некаде, Воска платното ќе го белит. Башка то „Охридска банка“ стана скопска. Демек парите биле таму, зш досега овде беа во Охрид, па сега им текна Скопје дека биле. Субрата Рој ќе си прави вилает кај „Св. Наум“…

strelkamesecina

– Дедо Мраз, ако идеш од кај Скопје, не можиш да згрешиш за да влезиш во градот. Кај надвозникон имаш стрелка, немат шанси да не ја видиш. Викет од Месечината се гледале само Кинескиот ѕид, оревон во Велгошти и стрелкава на влез во Охрид… Не знам, така викет…

– Еј Дедо Мраз да ти кажам. За малку ќе поставеа еден арен директор во Охрид, ама сепак одлучија да останат верни на традицијата. Не бе озбилно, да бев ко тебе ќе свртев со то елените кај Буково назад, ама ај уште еднаш, напрај атер… Ќе не бидит Дедо Мраз, не знам кога додуша, ама ево ќе видиш, ќе не бидит…

parkdurexohrid

– Дедо Мраз, ко ќе идеш со санката, ако поминвиш од кај паркон пред „Милениум“, да не се уплашиш. Имат едни ко кондоми, ама не се кондоми, палмите се шо ги посадивме, ама заштитени се. Да бе Дедо Мраз, оригинални Хавајски палми, ги садевме со Кинески лопати одма до Холандскион парк во Охрид. Такви сме, традиционалисти, па тоа ти е… И те молам внимавај ко ќе „слетвиш“ со то санката да не оштетиш некое од 5-те милиони дрвца шо ги посадивме годинава. Минативе 12 – 13 години имаме над 50 милиони засадено, ама не се фатија сите. Убо шо не се фатија, цела земја ко џунгла ќе беше досега. Абе стратегија Дедо Мраз, стратегија…

– Дедо Мраз, ако идеш од другава страна, од Дебрца (да, така се викат, не Дебарца, ваљда ќе научет еднаш како се пишит овие шо земет плата таму), пази на Триумфалната капија во Волино. Не знам дали е желба до тебе од некого ова со Капијава, ама немој бе Дедо Мраз, мислам сме грешеле ние многу, ама не до толку, мислам не е начин…

– Дедо Мраз, ако идеш од кај старион дел, ич не пулисе кон Плаошник. Не прашви зошто, само не пулисе, батали, друг пат ќе прајме муабет…

sitekeumrete

– Дедо Мраз, ако случајно по паркинзиве негде „слетвиш“, можит да налеташ на некој ковчег или друг погребен материјал. Не се плаши, така ние си ги оставаме по паркинзи овде. Нема да ни требат појќе и ќе го подостајме овде онде…

– Дедо Мраз, ако ти зборвет многу луѓе англиски ич да не се секираш – таксисти се. Сега морат да знает англиски. Ево ти неколку вообичаени такси муабети, колку да се снајдиш во прво време:

– Како времево мајсторе? – How Time Master?
– Имат работа или слабо? – You have a job or tricky?
– Скопјаништана мрчет викаш а? – Skopjanishtana mrchet a call?

ovcapinkpanter

– Дедо Мраз за крај, ти купвиш поклони за милиони и милиони деца. Да ми ги чуваш фискалните, жити се, имаме овде некоја наградна игра.

Ај, те чекам за Нова година
жив здрав и полека со то санките

Сашо

За Охридцките работи на Facebook

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука