декември 6, 2017

Охрид, 6. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – 45-годишниот М.Ѓ. од Охрид, вчера околу 10:00 часот, пријавил дека во периодот од први до петти овој месец, во времето од 09:00 до 09:15 часот, на подрачјето на Охрид и Струга, била извршена кражба од неговото патничко моторно возило „Волво“ со охридски регистерски таблици.

– Непознат сторител од фиока во предниот дел на возилото одзел пиштол марка „ЦЗ 99“ и една рамка со 15 куршуми, како и една црна кожна торбичка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривичното дело, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука