Охрид, 21. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, околу 05:20 часот, на улицата „Железничка“ во Охрид, приведен е 33-годишниот Ј.П. од Охрид.
– Во видно алкохолизирана состојба, тој се обидел да ги спречи полициските службеници во извршување на работите од областа на безбедноста. Тој е задржан во Полициската станица, по што ќе му биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 15