февруари 9, 2020

Охрид, 9. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Екипа на Планинската Спасителна Служба (ППС) синоќа интервенираше за извлекување на заглавен автомобил на превојот „Баба“, на планината Галичица.

– Изведувајќи редовни тренажни активности и анализа на состојбата и условите на планината, екипа на ПСС при Црвен крст Охрид, наиде на заглавен автомобил со двајца патници на превојот „Баба“ и со помош на службено теренско возило асистираше во извлекување на истото од снежните наноси, од кои целосно е блокиран превојот на патниот правец Р-2332, преку планината Галичица. ПСС апелира до љубителите на планината и зимските авантури, да бидат крајно внимателни на овој патен правец, кој во моментов на места има големи снежни наноси, замрзната подлога и одрони, кои ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот, информираат од Планинската Спасителна Служба.

Потсетуваат и дека истиот патен правец е со ограничен режим на сообраќај во зимскиот период, при што сообраќајот е дозволен само во должина од 9 км, од Трпејца до излетничко место „Корита“, додека останатиот дел е затворен за сообраќај. (Крај)

извор: ППС фото: ППС

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука