Охрид, 19. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Плочата посветена на борците од НОБ, кои биле судени од фашистите во Втората Светска Војна, од утрово повторно е поставена покрај новата зграда која се изгради на местото од старата куќа во која било организирано судењето, а за чија изградба се крена голема прашина и зборуваше многу во охридската, но и македонската јавност.
Порталот Охрид 1 јави дека станува збор за нова мермерна плоча на која е поставен натпис со опис на историскиот настан и на која се испишани имињата на судените лица.
Зградата која се изгради на местото на куќата има одобрение за реконструкција на старата куќа и е предмет на постапки пред институциите. (Крај)
извор: Охрид 1 фото: Охрид 1
Прочитано: 62