ноември 11, 2024

Куманово/Охрид, 11. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат успесите на охридските боксери од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“.

Во најдобро светло се покажаа и на 5. коло од Првата и младинска лига, што во организација на Националната боксерска федерација се одржа во Куманово. Боите на Охрид ги бранеа Христијан Стојаноски, Михаил Аврамоски и Петар Трајчески.

Стојаноски во јуниорска категорија го совлада противникот со прекин во првата рунда, додека Аврамоски и Трајчески имаа воведни борби.

Охридските боксери се сѐ поуспешни и редовно од сите натпревари се враќаат со одличја и забележителни резултати. Наум Стојаноски, Енис Алиу и Димитар Ѓорески како дел од македонската репрезентација ги продолжуваат подготовките на Златибор во пресрет на Балканското боксерско првенство што од 18-ти до 24-ти ноември ќе се одржи во Лозница, Србија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука