Скопје, 4. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската ракометна репрезентација со многу осцилации во играта синоќа ја победи селекцијата на Босна и Херцеговина со 28-24 во првиот од трите контролни натпревари.
Овој меч се одигра пред полни трибини во Кале, додека останатите два, кои на програмата се денеска и утре ќе бидат од затворен карактер.
Македонската репрезентација до победата ја предводеше Манасков со седум голови, по пет постигнаа Кире Лазаров и Стоилов, а три повратникот во селекцијата Миркуловски. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: РФМ
Прочитано: 17