Охрид, 12. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во знак на месецот на одбележување на Ретките болести осветливме повеќе објекти и споменици во градот со боите на Ретките болести, објави градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков на неговиот профил на Facebook.
Тој објави видео од објектите, изработено од охридската МЕГА Продукција, која е еден од најголемите поддржувачи и соработници на здруженијата кои стојат зад промоција на правата на лицата со ретки болести и нивните семејства во Охрид, но и целата држава.
И оваа година Самуиловата тврдина, но и бројни училишта, институции се обоени во боите на ретките. Бројни охриѓани, но и лица од целата држава ги бојат дланките во знак на поддршка на кампањата.
Кампањата започна на 1. февруари и ќе трае до крајот на месецов, кога секој ден се претставува по една ретка болест, со што се прави обид пред јавноста и институциите да се крене гласот кон проблемите со кои се среќаваат лицата со ретките болести и нивните семејства.
Годинашната сезона е посветена на здравствените работници кои изминативе сезони помогнаа со нивните стручни совети, предлози, пишување текстови, ревидирање на материјали во реализација на кампањата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/Видео: МЕГА Продукција