Охрид, 16. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз, потребно е да се регистрираат во Регистарот за туристичка дејност за општина Охрид.
Повикот се однесува на лицата кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 20 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица.
Физичките лица кои поседуваат решение потребно е да поднесат ново барање за вршење на туристичка дејност. Пријавувањето можат да го направат и во Секторот за ТЛЕР при општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28