Пекинг/Токио, 21. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од десет илјади луѓе се повредени во земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала во југозападниот дел на Кина, соопшти агенцијата Ксинхуа.
Земјотресот бил на длабочина на 6 км на територијата на провинцијата Јан-Нан.
Нема информации за жртви, но се уништени околу 280 станбени згради.
Во исто време земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја потресе североисточна Јапонија. Според податоците на националната метеоролошка управа на земјата, епицентарот му се наоѓал во Тихиот Океан, североисточно од префектурата Ивате, на длабочина од 10 километри.
Нема информации за повредени или штета. Не е објавено предупредување за цунами. (Крај)
извор: novinite фото: архива