Цирих, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Два воза се судрија во Швајцарија рано утринава и во инцидентот има настрадани околу 50 лица.
Несреќата се случила во сообраќаен метеж на железничката станица во Рафц на 30 километри северно од Цирих.
Експресен воз тргнал од станицата и излетал од шините, по што удрил во електричен столб. Дел од вагоните излетале од шините.
Веднаш на местото пристигнале спасители и инспектори. Не се соопштува дали повредените се во животна опасност. (Крај)
извор: АП фото: архива
Прочитано: 26