Струга, 4. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти април 2024 година, околу 12:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, електричен тротинет, управуван од страна на 45-годишно лице од Струга, удрил во јажето со кое патничко возило „Фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 44-годишно лице, влечело возило „Фолксваген голф“, управувано од 47-годишно лице, двајцата од струшкото село Велешта.
– Притоа, со тешки телесни повреди се здобило лицето на електричниот тротинет, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото ивршила екипа на ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 22