Скопје/Охрид, 15. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од денес е отворена можноста за пријавување на студенти за сместување во студентски домови каде останаа слободни места по завршувањето на првиот конкурс, информираат од Министерството за образование и наука.
Слободни места има во домовите: „Кочо Рацин“ во Битола, ДСД „Томе Стефановски – Сениќ“ во Скопје, „Никола Карев“ во Охрид, „Oрде Чопела“ во Прилеп и „Хилјаднико“ во Штип.
Сите заинтересирани студенти можат да аплицираат најдоцна до крајот на тековниот месец. Критериумите и условите за аплицирање се идентични како и при првото пријавување, а можат да се погледнат на следниот линк. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 14