Охрид, 13. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Откако денес екипите на охридската противпожарна единица го ставија под контрола пожарот кој изби во атарот на селото Велмеј, ветерот и исклучително топлото време помогнаа пожарот повторно да се активира.
Пожарот изби завчера кај месноста „Бајам“, по што пожарникарите излегоа на терен. Вчера во гаснењето на пламените јазици учествуваа и посебните авиони на ДЗС.
Жителите се вознемирени и апелираат на помош во насока да не се случи ескалација на состојбата и проширување на пожарот.
– Тешка е состојбата со пожарот кој зема голем замав и се проширува, велат жителите на селото на социјалните мрежи и ги повикуваат надлежните органи да ги активираат авионите за гасење на пожарот или во спротивно ќе се соочиме со голема катастрофа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива