септември 21, 2017

Охрид, 21. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве е повторно видно намален водостојот на Охридското Езеро.

Еколозите и експертската јавност веќе подолго време предупредуваат дека Охридското Езеро се користи како акумулација со тоа што вештачки се регулира и таквиот пристап доведува до променливи состојби кои понекогаш може да влијаат туку и врз живиот свет во езерото.

На реката Црн Дрим се изградени две големи хидроцентрали и истите имаат голем процент во производството на хидро енергија во Македонија. На албанска страна на реката Дрим има 3 и повеќе хидроцентрали кои го помаагаат електросистемот во државата. Едно од можните решенија е ревидирање и обновување на договорот со Албанија од 2004 година, за заедничка заштита на Охридско Езеро.

Според Дејан Пановски, координатор на ГЕФ дримскиот проект, Протоколот за работа врзан за Договорот е многу застарен (од 1957/1958) година и не ги одразува сегашните еколошки, економски и други аспекти и потреби.

Екипата на Супер радио и OhridPres направи неколку фотографии на крајбрежјето, каде јасно се гледа дека водата е веќе повлечена неколку метри.

Погледнете:

vodostojseptemvri20172 vodostojseptemvri20173извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука