Охрид, 31. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нов облак од прашина и песок од Сахара денеска и утре над Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ја и Република Македонија.
Само неколку дена по последниот ваков феномен, голема количина на пустински песок од Сахара денеска е регистрирана и во поширокиот регион на Охрид.
Количината во воздухот е доволна за да може и визуелно да се забележи. Овој феномен е се’ почест последните години, откако сахарска прашина доаѓа во регионот поради зголеменото опустинување во Сахара.
Екипата на OhridPress попладнево регистрираше како изгледаше овој феномен во центарот на градот.
Погледнете.
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес
Прочитано: 76