јануари 16, 2017

Охрид/Дебар, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради новите врнежи од снег, Авто Мото Сојузот на Македонија информираше дека од утринава повторно е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар од превентивни причини.

На магистралниот пат Охрид – Гостивар на планинските превои Стража и Пресека воведена е забрана за камиони, поради обилни врнежи на снег. На магистралниот пат Гостивар -Дебар поточно од Мавровска раскрсница кон Дебар, исто така е воведена забрана за тешки моторни возила поради обилни врнежи на снег.

Сообраќајот на сите патишта се одвива во зимски услови. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука