Охрид, 9. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – За разлика од последните месеци во 2016 година, кога имаша мала стагнација во бројот на издадени одобренија за градење на територијата на Охрид, во јануари годинава, повторно се зголеми нивниот број.
Така, минатиот месец според податоците на Државниот завод за статистика, во Охрид се издадени 9 одобренија за градење. Повеќе одобренија се издадени на физички лица, вкупно 7, а само 2 на деловен субјект.
Предвидената вредност на објектите изнесува 98 милиони 794 илјади денари.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 4 станови, од кои 3 ќе бидат трособни, а еден четирисобен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24