Охрид, 30. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес регистрира земјотрес со епицентар во охридското епицентрално подрачје.
– Земјотресот се случи во 13:33 часот Рихтерова локална магнитуда од 2.6 степени. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26