Охрид, 3. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува да се тресе охридското тло, попладнево со најсилен интензитет од 18-ти јуни од кога Охрид го тресат серија земјотреси.
Според податоците земјотресот е регистриран во 13.18 часот со интензитет од 5 степени според Рихтеровата локална магнитуда.
Епицентарот на земјотресот е на 5 километри североисточно од с. Косел, кај месноста Високо дрво, на длабочина од 10 километри. Земјотресот предизвика огромна загриженост и паника кај граѓаните. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22