август 16, 2017

Охрид, 16. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Се враќа делумната забрана за движење во шумите, освен за регионите каде што е прогласена кризна состојба.

Според податоците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ваква одлука е донесена по барање на ЈП „Македонски шуми“, а ќе трае се додека не се процени дека е намален ризикот од појава на шумски пожари.

Делумната забрана не важи за вработените во „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, како и за организирана група туристи за туристичко разгледување. Ова значи дека туристичките водичи ќе може да ги прошетаат гостите и да ги видат природните убавини на планината Галичица.

holangjani1

Од ресорното министерство најавија дека и во следниот период ќе има засилени контроли на терен од страна на Шумската полиција и Инспекторатот за шумарство и ловство. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука