Охрид, 16. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид (ТППЕ) ноќеска интервенираа на пожар кој избувна на депонијата „Мауцкер“ во близина на Охрид.
Утрово пожарот повторно гореше, а истиот по големината можеше да се забележи од повеќе делови на градот.
Од ТППЕ Охрид утрово за Супер радио и OhridPress информираа дека интервенирале со соодветен број возила и пожарникари и дека и понатаму работат на гасење на пожарот.
Пожар на оваа локација беше пријавен и неодамна, на 16-ти јули, при што исто така интервенираше екипа на Територијалната противпожарна единица од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес
Прочитано: 72