октомври 25, 2021

Охрид, 25. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Повторно забележано намалување на водостојот на Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) нивото сега е на 14 сантиметри под просекот за октомври (693,28 м.н.в) и само четири сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Можно е да е слика од текст кој вели „управа работи- (споредба табела реките природните езера ретходниот ден тенденција наредниот ден) 25.10.2021 водостои прикажани река егуновце вардар вардар cm измерени 25.10.21 07:30 28 93 велес д.капила- вардар 26.10.21 22 92 168 просек3 октомври 50 73 лепенец 22 06 61 бабуна брегалница 33 = н.село 19 црна река 82 55 48 82 50 нд б.мост- -радика 74 49 69 во 107 измерени 0 146.79 847.60м 146.79 842.21 842.21 693.15 = температури 693.14 вода 843.77 = охрид -ез.охрид 693.28 преспанско 15.0 Xc "наколец" езеро (CM) проверил: одобрил: минимум 693. површински директор, муртезанов нивна обработка корекција лијание“

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, управа хидрометеоролошки работи табела водостои неделна хидролошка реките природните езера измерени во 7:30 часот 21.10.21 22.10.21 јегуновце скопје вардар вардар 98 26 95 22 19 93 16 треска 176 15 168 14 50 64 14 45 60 92 пелинце пчина 64 172 берово- 32 струмица 19 160 66 64 56 62 62 50 80 62 46 114 56 38 -15 41 15 -16 42 36 MHM нд 146.80 табела 146.79 емператури вода 7:30 693.15 охрид 13.8 693.14 14.0 14.2 14.5 изработил: езеро- дозволениот минимум 693. 15.0 одобрил:вс в.ддиректор, муртезанов акумулации надвор редовниот понатамошна обработка корекција вештачко влиание“

Мерењата покажуваат дека за една недела нивото е намалено за четири сантиметри. Метеоролозите не најавуваат врнежи од дожд во текот на оваа недела, па тоа би водело и кон дополнителен пад на водостојот.

Што се однесува до температурата на езерската вода, денес се измерени 15 степени, што е за 1,8 степени под октомврискиот просек.

Времето денес сончево време со променлива облачност, која ќе биде поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 12. степени.

– Денес ќе биде свежо со пониски утрински температури, кои утре наутро понекаде ќе се спуштат на некој степен под нулата. Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла. До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со мала облачност, а потоа ќе има зголемена облачност во јужните делови. Од четврток утринските температури во поголемиот дел од земјата ќе се покачат за неколку степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото:ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука