Охрид, 27. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Тешка сообраќајна незгода во која се повредени две лица се случи попладнево, нешто по 13:30 часот на Булевар „Железничка“ во Охрид.
Според првичните информации во незгодата учествувале патничко моторно возило и моторцикл, со кој се превезувале две лица.
– Едното од нив е префрлено во Општата болница во Охрид, а второто во болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, истакнал за порталот Скопје 1 портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Граѓаните се револтирани и бараат ставање ред во сообраќајот на овој потег на градот, каде сообраќајките се секојдневие.
– На исто место пред еден час, трета сообраќајка за два месеци. До кога „Железничка“ ќе зема жртви? Зошто СВР Охрид не презема мерки за наша безбедност? Ги повикувам СВР Охрид од истиов момент секој ден со свои патроли да го санкционираат брзото возење, реагираат дел од граѓаните на социјалните мрежи. (Крај)
извор: ОхридПрес/Скопје 1 фото: FB/Lidija Darko Nedanoski