Охрид, 29. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Согласно одлуката на охридскиот совет за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка во четврток, 31-ви мај ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци.
Од Центарот за јавно здравје информираат дека третирањето ќе биде од земја во период од 05:00 до 07:00 часот, а ќе биде опфатено Студеничко блато, месноста Далјан и потегот од Андон Дуков до Подмолје.
За таа цел потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31