јули 2, 2017

Охрид, 2. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Силен земјотрес со јачина од 4.1 степени го затресе Охрид во 11:39 часот.

 

zemjotres_640x360

Епицентарот на земјотресот бил на 5 километри западно од Охрид и 8 километри јужно од селото Мислешево, на длабочина од 2 километри. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван во Охрид и околината со интензитет од VI степени според Европската Макросеизмичка Скала, во Ресен и Струга со V степени, а во Битола земјотресот беше почувствуван со итензитет од III-IV степени според истата скала.

Ова беше втор земјотрес денес во охридското епицентрално подрачје. Првиот се случи во 09:58 часот со Рихтерова локална магнитуда од 2.4 степени. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската Макросеизмичка Скала. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука