Охрид, 9. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани уште еднаш имаат можност да ја покажат својата хуманост и да подадат рака на својата сограѓанка, која како докторка и хумана личност, помагала на сите толку пати претходно.
И’ требаме на нашата Ружица Јанеска, Охрид може уште еднаш да застане како едно.
– На оваа жена, мајка, докторка… позната меѓу Охриѓани како исклучително хумана личност, долги години пожртвувана самохрана мајка, полна со разбирање и љубов за секого, и’ е потребна помош да го реализира соодветниот третман за болеста и да го продолжи својот живот и хумана мисија. Семејството со цело срце сака да и’ се оддолжи и помогне, но тоа нема да биде можно без ваша помош! Ве замолуваме за донација во рамки на вашите можности, апелираат од нејзиното семејство.
Сите кои се во можност можат да донираат преку телефонскиот број на Телеком – 143 113, А1 – 143 650 или преку уплата на следните начини:
име: Александар Јанески
жиро сметка: 250500022148969
цел на дознака: Донација за лекување на Ружица Јанеска
name/surename: Aleksandar Janeski
IBAN Code: MK07250780005754985
Swift: INSBMK22
Bank name: Sparkasse Banka A.D. Skopje. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 73