Охрид, 15. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска во Охрид започнуваат подготвителни активности за показната симулациска вежба која, припадници на МВР ќе ја реализираат на 17-ти овој месец кај каналот „Студенчишта“ во Охрид, а потоа на одредени точки во водите на Охридското Езеро.
– Поради тоа, од денеска до 17-ти октомври, во периодот од 05:00 до 13:00 часот, Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Капетанија на пристаништата, ќе спроведат ограничување на внатрешната пловидба на дел од пловниот пат од каналот до комплексот „Инекс“. Од денеска до 17-ти овој месец, ќе има комплетна забрана за движење по пешачките патеки околу комплексот „Инекс“, како и забрана за паркирање на паркинг просторот кај хотелот „Инекс Горица“. На 17-ти октомври, на денот на изведување на показната вежба, во периодот од 10:00 до 13:00 часот, забрана за движење ќе има и на пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“, информираат од СВР Охрид.
Од Секторот апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, на овој простор ќе преземаат мерки од областа на безбедноста. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес