октомври 18, 2019

Охрид, 18. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – За денес е закажана 33-та седница на Советот на општина Охрид.

На дневен ред се три точки поврзани со поделбата на МЈП „Проаква“. Советниците ќе треба да се произнесат по предлог одлуката за давање согласност на одлуката за поделба на МЈП „Проаква” Струга со раздвојување со основање и раздвојување со превземање (комбинирана поделба).

Пред советниците ќе се најде предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за усвојување на планот за поделба на МЈП „Проаква“ – Струга и склучување на спогодба за присоединување кон ЈП Колекторски систем Скопје преку комбинирана поделба- раздвојување со основање и раздвојување со превземање, како и предлог-одлуката за поделба на МЈП „Проаква“ од Струга преку комбинирана поделба- со раздвојување со основање и раздвојување со превземање.

Седницата ќе започне во 11:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука