март 10, 2017

Охрид, 10. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишниот З.М. од охридското село Косел поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба на дрва“ и „пустошење шуми“.

Пријавениот во изминатиот периодот од годинава, во атарот на ресенското село Лева Река, без одобрение за сеча, нелегално извршил сеча и одзел 2,5 метри просторни дабови дрва сопственост на Република Македонија. Исто така противправно извршил сеча и присвоил уште 0,4 метри просторно дабово дрво.

Пријавениот, спротивно на одредбите на Законот за шуми, без одобрение, со моторна пила и секира извршил сеча на дабова шума сопственост на Република Македонија со исклучиво право за стопанисување на Јавното претпријатие „Македонски шуми“.

При извршен претрес во неговиот дом, полициските службеници ја пронашле неовластено пресечената и присвоена дабова шума, која со записник е предадена на овластено службено лице од Јавното претпријатие „Македонски шуми“. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука