Охрид, 22. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишниот В.К. oд Скопје, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги”.
На 14 јули минатата година откако претходно набавил марихуана, пријавениот заедно со неговите другари од Охрид отишле на плажата ,,Лагадин“ каде заедно ја користеле наркотичната дрога. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 29