Охрид, 1. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Надлежни инспектори од инспекторатот при Општина Охрид, во текот на вчерашниот ден, извршија увид на плажата „Сараиште“ каде беше истурена ситна песок при тоа уништувајќи ја автентичноста на плажата.
– Инспекторите изготвија записник за затекнатата состојба и на сторителите кои ја поставиле песокта им поднесе соодветни пријави, додека песокта во краток временски период ќе би биде отстранета. Заштитата на Охридското Езеро и неговата автентичност треба да биде обврска на секој поединец, а не само на надлежните институции, потенцираат од Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Никола Паскали
Прочитано: 29