Охрид, 13. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на охридската противпожарна единица, кои од утринава се на терен во атарот на селото Велмеј, каде завчера изби пожар кај месноста „Бајам“, велат ситуацијата е под контрола.
Пожарникарите постојано се на терен, а вчера во гаснењето на пламените јазици учествуваа и посебните авиони на ДЗС.
Жителите се вознемирени и апелираат на помош во насока да не се случи ескалација на состојбата и проширување на пожарот.
Од охридската противпожарна единица за Супер радио и OhridPress велат дека засега состојбата е ставена под контрола. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23