август 12, 2019

Охрид, 12. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Состојбата на терен е лоша, се заканува голема опасност по пожарот што вчера избувна кај месноста „Бајам“, во атарот на селото Велмеј.

Според последните информации кои за Супер радио и OhridPress ги дадоа од охридската територијална состојбата на терен се влошува, пожарот се’ уште не е локализиран и се заканува голема опасност.

Не е локализиран пожарот што избувна во атарот на ВелмејНивни екипи во текот на вчерашниот и денешниот ден се на терен, а подготвени се и доколку има потреба од дополнителни возила и пожарникари. Попладнево во гасењето на пожарот се активирани и посебните авиони на ДЗС.

https://www.facebook.com/100027105977983/videos/363236284589901/

На тој потег имало над 300 улишта од пчели, а со акција на пожарникарите и локалните жители успеале да спасат 30-на. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука