Охрид, 25. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за заштита и спасување со противпожарните авиони ќе го гаснат пожарот кој изби во близина на селата Косел и Опеница.
Ова е една од мерките која ќе биде превземена за да се изгасне пожарот кој изби во текот на вчерашниот ден. Кризиниот штаб на општина Охрид кој заседаваше претходно денес, одлучи да ги вклучи и вработените во сите локални Јавни претпријатија, за да се изгасне огнот, кој и натаму се шири поради ветерот.
Граѓаните се вознемирени и велат дека ситуацијата е алармантна. Горат смрека и борови, но поради тешко пристапниот планински терен, гаснењето на пожарот во шумата е отежнато.
Селото Опеница се наоѓа на осум километри од Охрид, а силниот чад се шири и во правец на градот. Најмногу се почувствува синоќа после 22:00 часот, кога ветерот го носеше чадот кон Охрид. (Крај)
извор: Охрид1/ОхридПрес фото: архива