август 12, 2019

Охрид, 12. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Состојбата во селото Велмеј и пожарот кој се’ уште гори и се заканува да стигне и до селото може да излезат од контрола.

– Последната цистерна сака да си оди од кај црквата и народот ја блокира и не ја пушта. Се чека полиција, напишаа жителите на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од настанот.

Image may contain: one or more people and outdoor

Image may contain: 1 person, standing, night and outdoor

Жителите се вознемирени и апелираат на помош во насока да не се случи ескалација на состојбата и проширување на пожарот, кој според последните информации е веќе на неколку стотини метри од селото.

Пожарот вчера избувна кај месноста „Бајам“, во атарот на селото Велмеј, а според информациите кои за Супер радио и OhridPress денес ги дадоа од охридската територијална единица, состојбата на терен се влошува, пожарот се’ уште не е локализиран и се заканува голема опасност.

Не е локализиран пожарот што избувна во атарот на ВелмејНивни екипи во текот на вчерашниот и денешниот ден беа постојано на терен. Попладнево во гасењето на пожарот се активирани и посебните авиони на ДЗС.

На тој потег имало над 300 улишта од пчели, а со акција на пожарникарите и локалните жители успеале да спасат 30-на. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука