Охрид, 21. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти септември 2024 година, во 13:26 часот во СВР Охрид било пријавено дека во двор во охридското село Лакочереј, настанал пожар во патничко возило марка „Опел“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на лице од Охрид.
– Екипа од Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Екипа на СВР Охрид изврши увид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 17