Охрид, 20. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пожарот зафати поголем потег над селото Вапила. Интервенираме со наши екипи, а воедно, во моментов гасат и авионите за гасење, информираат од охридската Противпожарна служба за Супер радио.
Пожарот избувна вчера околу 16:00 часот над селото Вапила и во моментов, според послените информации е ставен под контрола.
Утрово над Охрид надлетуваат и противпожарните авиони, кои интервенираа на барање на Центарот за управување со кризи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 33