јануари 29, 2017

Охрид, 29. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пожар избувна попладнево на потегот наспроти манастирот „Свети Еразмо“ во близина на Охрид, на само педесеттина метри до Специјалната болница за ортопедија и трауматологија.

Порталот ОхридНет јави дека е запален дел од зеленилото, во близина на голем паркинг со камиони.

Благодарение на брзата интервенција на Противпожарната единица, која реагираше навремено со две возила, пожарот е локализиран. (Крај)

извор: ОхридНет фото: ОхридНет

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука