Охрид/Лешани, 5. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) попладневно интервенираше по дојава за пожар.
Според првичните информации, станува збор за пожар кој избувнал во борова шума во близина на селото Лешани, општина Дебрца.
Од охридската пожарна станица за OhridPress информираат дека дојавата за пожар ја добиле во 15:35 часот, по што интервенирале со едно возило и соодветен број пожарникари.
Ова е втор пожар во ДЕбрца последниве 24 часа. Во текот на вчерашниот ден, во 14:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во месноста „Издеглавско блато“, во атарот на селото Издеглавје, Општина Дебрца, се случил пожар на земјоделска површина со трска и нискостеблеста вегетација, во државна сопственост. Повредени лица, нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес