октомври 24, 2024

Охрид, 24. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти октомври 2024 година, во 14:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на две места од плажа во близина на автокамп на брегот на Охридското Езеро, настанал пожар кој зафатил нискостеблеста вегетација и дел од оградата на автокампот.

– Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука