март 1, 2023

Охрид, 1. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ТППЕ Охрид вечерва интервенираа во селото Ливоишта, каде изби пожар во куќа по удар од гром.

– Интервенирано е на опожарена куќа во селото Ливоишта. По кажувањето на жителите причинител за пожарот е гром. Испраќаме благодарност до членовите на ДПД „Ентузијаст Охрид-Дебрца“ кои помогнаа во санирањето на штетите од овој пожар, информираат од ТППЕ Охрид, (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ТППЕ Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука