Охрид, 10. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Локалната самоуправа го објави списокот на студенти кои се добитници на општински стипендии.
Согласно објавениот конкурс стипендиите беа поделени во две групи и тоа за редовни студенти од I, II,III,IV,V и VI година од општина Охрид кои студираат на државни универзитети во други земји и за редовни студенти од I,II,III,IV,V и VI година од општина Охрид кои студираат на државните универзитети во Република Македонија кои живеат во потешки социјални услови.
Висината на стипендијата изнесува 3.000 денари месечно за девет месеци во текот на оваа академска година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31