март 10, 2020

Скопје/Охрид, 10. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Порталот tribuna.mk ги објави имињата на носителите на листите за сите 6 изборни единици на Граѓанско Демократска Унија (ГДУ), кои ќе истрчат предвремените парламентарни избори на 12-ти април.

Претседателот на партијата Петар Колев ќе ја предводи листата во 3-та Изборна единица, познатата активистка и борец за граѓански права Ана Глигорова од „Слободни граѓани“ ќе ја предводи првата Изборна единица, во 3-та е д-р Енсер Јусуфоски, носител на 4-та Изборна единица е стопанственикот Добре Митрев, Даниел Јорданоски, претседател на ГДУ-Охрид е носител во петката, додека во шестата изборна единица носители ќе бидат Зекир Муареми или Ѓорѓи Трендафилов. (Крај)

извор: tribuna.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука