Мелбурн, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Со одигрувањето на синоќешните мечеви на Australian Open комплетирани се полуфиналните парови на овој турнир.
Првата полуфинална машка двојка ја сочинуваат Томаш Бердих и Енди Мареј додека вторите полуфиналисти се Новак Ѓоковиќ и Станислас Вавринка.
Утрово Ѓоковиќ со убедливи 3-0 (7:6, 6:4, 6:2) го победи Милош Раониќ, а претходно Вавринка без мака го победи јапонецот Кеи Нишикори 6:3, 6:4, 7:6.
Кај дамите во американско полуфинале ќе играат Серена Вилијамс и Медисон Кејс, а во второто руско ќе се сретнат Марија Шарапова и Екатерина Макарова.(Крај)
извор: Спорт ТА фото:архива
Прочитано: 30