Охрид/Струга 6. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во компанијата „Магна“ во индустриската зона Струга денеска се реализира показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена елементарна непогода.
Симулациска вежба беше за извлекување на повредени при земјотрес и пожар. Вежбата беше во организација на Црвен крст Охрид со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид и Струга, ДЗС, ЦУК и Здравствен дом Струга.
Преку оваа вежба воедно се изврши проверка на функционалноста на оперативните планови за евакуација во самата компанија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ТППЕ Охрид
Прочитано: 156