март 13, 2017

Охрид/Скопје, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Изминатава недела нивото на Охридското Езеро било девет сантиметри над дозволениот минимум, потврдуваат од хидролошкото одделение на Управата за хидро метеоролошки работи.

Проблем останува нивото на Црн Дрим, посебно кај Ложани, каде е драстично намалено и се движи меѓу 31 и 41 сантиметар наспроти мартовскиот просек од 127 сантиметри, покажуваат податоците.

Според неделната хидролошка состојба, водостоите на голем број реки е под просекот за март. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука