Истанбул, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полицијата за борба против тероризмот во Истанбул уапси осум лица во врска со нападот врз ноќен клуб на Нова година, во кој загинаа 39 лица.
Полицијата продолжува со операции за задржување на осомничени. Сторителот на нападот во ноќта на 31 наспроти 1 се претпоставува дека се уште е на слобода.
Поголем дел од загинатите во нападот се странци. Според извештаите на турските медиуми 11 турски државјани починаа и 27 странци. Меѓу нив се државјани на Саудиска Арабија, Јордан, Ирак, Тунис, Индија, Мароко, Германија, Израел, Канада, Русија, Кувајт, Белгија и Либија.
Околу 1 часот и 15 мин. во новогодишната ноќ терорист со автомат оружје се појавил пред ноќниот клуб, го убил полицаецот пред влезот, потоа застрелал еден граѓанин. Со влегувањето во локалот мажот почнува да решета по собраните внатре кои славеле. Во моментот на нападот во дискотеката имало над 500 луѓе. Сведоци раскажаа дека напаѓачот бил преправен како Дедо Мраз. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација „Исламска држава”. (Крај)
извор: Р.С.Европа фото: архива